„Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ. Честитки и за реизбраните,“ напиша на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која се повлече од функцијата заменик претседател, но и од другите партиски активности.
„Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот.
Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани. Да живее СДСМ,“ напиша Шекеринска на нејзиниот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две директорки на клиники, Стефановиќ и Пејкова, избрани во Извршниот одбор на СДСМ
Сања Лукаревска избрана за заменик-претседател на СДСМ, на местото на Шекеринска
Фото: Фејсбук/Шекеринска