еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Сања Лукаревска, новиот заменик-претседател на СДСМ

Актуелната директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска е избрана за заменик-претседател на СДСМ.

Таа доаѓа на местото на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција два мандата, од 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сања Лукаревска избрана за заменик-претседател на СДСМ, на местото на Шекеринска

Која е Лукаревска

Роденa е 1982 година во Скопје.

Дипломирала на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 година.

Професионална и политичка кариера

Својата професионална кариера ја започнува во УЈП во 2006 година.

Од јули 2006 до јуни 2007 година работи како помлад инспектор во Регионална дирекција Скопје – УЈП, стои во нејзината официјална биографија.

Во периодот од јули 2007 до декември 2015 година, работи во Секторот за правни работи во генералната дирекција Скопје на УЈП.

Во јануари 2016 година е именувана за кабинетски службеник за прашања поврзани со дополнителниот заменик министер за финансии во Министерството за финансии.

По престанокот на оваа функција се враќа во УЈП на работно место асистент за извршување во Одделението за наплата на долгови во Дирекција за големи даночни обврзници.

Од јуни 2017 година е именувана за вршител на должност директор на Управа за јавни приходи.

Во февруари 2018 година е именувана за директор на УЈП.

Во 2020 година кратко беше и пратеник, по што повторно се врати на директорското место во УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Лукаревска: Правилно постапив што го послушав татко ми и не станав актерка

Познато презиме

Познатото презиме Лукаревска го наследува од својот татко, актерот Ѓокица Лукаревски. Таа вели дека го наследила и неговиот талент.

“Како ќерка на актер, го наследив таленот за глума, но во извршувањето на мојата функција настапувам искрено, без ниту малку глума.

Пријателите и колегите ме познаваат како човек кој не сака неправда. Во слободно време сакам да читам книги, уживам да гледам сериски филмови и да патувам, но не и да се фотографирам.

Следбениците и пријателите на мојот профил на социјалните медиуми, ретко имаат можност да видат фотографија од местата коишто сум ги посетила. Важно ми е да бидам во убаво друштво“, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче и Битиќи нови потпретседатели на СДСМ, Царовска и Спасовски ги задржуваат потпретседателските места

Две директорки на клиники, Стефановиќ и Пејкова, избрани во Извршниот одбор на СДСМ

Фото: Фејсбук/Лукаревска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Годинава подршката кај граѓаните за членството во ЕУ на најниско ниво

Редакција

Твитер го „подбра“ Уставниот суд: „Ќе се гради до даска! Профитот пред се!„

Редакција

Деновиве студени утра и локален дожд, од сабота пораст на дневната температура

Редакција