еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот премиер Петков за „Фајненшел тајмс“ најавува дека спорот со Македонија ќе го решел за 6 месеци

„Фајненшл тајмс“ објави дека новиот бугарски премиер Кирил Петков дава сигнали дека Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, ​​откако неговата влада ќе стапи на должност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е приватно и службено, Кирил Петков, можниот иден премиер на Бугарија

– Ние сме сто проценти за политиката на НАТО и ЕУ. Ќе предложиме нов пристап за Северна Македонија и тоа треба да се направи брзо, за краток временски период, не повеќе од шест месеци, изјави Петков во интервју за „Фајненшел тајмс“ дадено пред гласањето во бугарскиот Парламент во понеделникот, јави дописникот на МИА од Софија.

„Фајненшел тајмс“ коментира дека пресвртот доаѓа откако Бугарија стави вето на преговорите за пристапување на нејзиниот сосед во ЕУ, минатата година, поради спорови околу историјата и идентитетот.

Критичарите тогаш го обвинија Бојко Борисов дека прибегнува кон национализам за да го одвлече вниманието од повеќемесечните протести против организираниот криминал и корупцијата во земјата.

Петков за американско економско издание изјави дека новата влада ќе постави нова основа за разговори со Северна Македонија.

– Ќе користиме работни групи со цел да се најдат решенија за прашања како што се заедничката економска активност, инфраструктурата, културата и историјата, рече Петков.

„Фајненшл тајмс“ ја наведува кризата со коронавирусот во земјата како најголем предизвик за новата влада. Изданието потсетува дека Бугарија е меѓу земјите со највисока стапка на смртност во светот и во исто време меѓу земјите со најниска стапка на вакцинација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Теодора Генчовска, новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Во оваа фаза, нема да има промена на позицијата на Бугарија кон Македонија, вели новата бугарска министерка за надворешни работи Генчовска

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина легендарниот композитор Љубомир Бранѓолица

Редакција

Странец пронајден паднат во стан во Скопје, починал во болницата „8 Септември“

Редакција

Ново поскапување на горивата: Бензинот и дизелот стигнаа до 90,5 денари

Редакција