еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина легендарниот композитор Љубомир Бранѓолица

Од Сојузот на композиторите на Македонија информираа дека починал легендарниот композитор Љубомир Бранѓолица (19.08.1932-24.07.2023).

.„Љубовта кон музиката беше присутна во моето семејство уште од најрано детство… Затоа моите родители ме упатија да учам пијано. Тоа и посетите на концертите во Дубровник, каде што тогаш живеевме, се моите први сеќавања за музиката…“ (Бранѓолица, Радио Скопје, 18.03.1977).

“Музичкото образование го започнува во Загреб и во Риека, ( „… во 1946 година се запишав во Военото музичко училиште во Загреб, кај проф. Вјекослав Корже, кај кого стекнав солидна пијанистичка техника, а кај другите професори солидни професионални знаења…“).

Од 1950 година работи како пијанист во Уметничкиот ансамбл на Армијата на поранешна Југославија во Белград (тогаш го пишува делото „Интермецо“ за пијано и оркестар), а во 1954 година трајно се преселува во Македонија.

Од 1957 година е корепетитор во Балетот на Македонскиот народен театар. Во 1966 година се вработува во Македонската радио-телевизија каде што останува до крајот на работниот век извршувајќи функции на музички уреденик и музички продуцент.

Во сиов овој период се пројавува како исклучително плоден творец, во повеќе подрачја и повеќе музички жанрови. Освен класична, пишувал и популарна и џез – музика, музика за театарски претстави, филмска и детска музика.

Се пројавувал и како публицист пишувајќи низа, главно балетски критики, како и неколку книги меѓу кои и обемната монографија „Музика – 50 години со вас“ (Скопје, 2000).

Љубомир Бранѓолица е уникатна фигура на македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Во неговиот исклучително богат творечки опус ќе најдете и опери и балети, и камерни и хорски композиции, и популарни песни и аранжмани на творби од други, наши и странски автори“, стои во соопштението.

Последното збогување со Љубомир Бранѓолица е утре, на 24 јули, на Градските гробишта во Бутел (од 08:00 часот телото ќе биде изложено во капела, а погребот е од 09:00 часот), информираат од таму.

Фото: НОБ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајка кај скопската обиколница загина 40-годишна скопјанка, а тројца се повредени: Детали од МВР

Редакција

(ВИДЕО) Почина фронтменот на легендарните „Продиџи“

Редакција

Зошто грчката компанија „Архиродон“ се откажа од градењето на „Чебрен„

Редакција