еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарските навивачи провоцираа во Чаир, вели Спасовски

Приведени се дваесет и едно лице пред фудбалскиот напревар меѓу Левски и Шкупи, а за инцидентот во Чаир, каде има и едно приведено лице, идентификувани се повеќе напаѓачи и за скоро време деталите за овој инцидент ќе бидат соопштени, изјави денеска министерот за внатрени работи Оливер Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските навивачи пред нападот вербално се расправале со случајни минувачи во Чаир: Детали од Обвинителството

– Тоа беше меч оценет како меч од висок ризик. Меѓутоа, морам да кажам дека од почетокот на мечот до неговото завршување практично и да немавме некаков инцидент. На почетокот при влегувањето имавме една група на навивачи кои дојдоа од соседна Бугарија и кои практично се однесуваа насилно кон припадниците на македонската полиција.

Приведени се вкупно 21 лице, од кои 19 бугарски државјани и двајца македонски државјани кои се приведени и биле дел од навивачката група на Шкупи, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелник на новиот објект на полициската станица во Аеродром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарски навивачи ја нападнаа полицијата на стадионот „Тодор Проески“, има и уапсени

Посочи дека македонската полиција била организирана за овој натпревар со предзнак од висок ризик и затоа навивачите од Бугарија, кои пристигнале на граничниот премин Деве Баир биле преземени и во полициски кордон донесени на фудбалскиот стадион.

За инцидентот во Чаир, како што појасни, најверојатно имало навивачи кои пристигнале со неколку возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со канти за ѓубре нападнати бугарски навивачи во скопски Чаир

Ново видео од нападот на бугарски навивачи во Чаир

– При поминувањето во Чаир, преку одредена провокација која што ја прават, настанува конфликт при што знаеме дека има едно повредено лице. Таму се идентификувани веќе напаѓачите. Моментално работат колегите и јас очекувам за многу скоро време да ги имаме детално сите информации за што ќе ве известиме, изјави Спасовски.

Првиот човек на македонска полиција порача дека спортските настани треба да бидат места за уживање, а не места во коишто ќе се продуцира насилство.

– Тоа е најважната порака што сакам да ја пратам до сите граѓани, посебно до сите спортски навивачи коишто учествуваат на спортските натпревари, рече Спасовски.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува службеник, плата е 83.200 денари

Редакција

Мухамед Зеќири пристигна во Кривичниот суд

Редакција

Утрово до 10 часот на Табановце излегле 2.139 лица, велат од МВР

Редакција