еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Овогодинешниот јуни постуден и екстремно дождлив

Месец јуни 2023 година, се карактеризира како постуден и екстремно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираше Управата за хидрометереолошки работи (УХМР), согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава.

– Средномесечната температура изнесуваше 13,5 степени во Лазарополе до 23,1 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јунски температури за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната температура изнесуваше потпросечност за 0,5 С на ниво на државава.

Средната максимална температура варираше од 19,6 степени Целзиусови во Лазарополе до 30 степени во Гевгелија. Забележани се високи максимални температури во периодот на 22 јуни во Гевгелија каде што темперетатурата изнесувала 35,1 степен, соопшти УХМР.

Како што се наведува во соопштението, средната минимална температура варираше од 8,6 степени Целзиусови во Лазарополе до 16,8 степени во Гевгелија во однос на средномесечната температура, којашто изнесуваше 13,5 степени Целзиусови во Лазарополе до 23,1 степен. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 19. јуни и изнесуваше 4,8 степени Целзиусови

-Во јуни, месечната сума на врнежи во државата варираше 19,5 милиметри во Скопје до 174,5 милиметри во Берово. Врнежите беа од дожд и град, а максимално дневно количество на врнежи од 53,4 милиметри беше регистрирано во Берово на 25 јуни.

Споредено со јунската просечна вредност за многугодишен период, измерената месечна сума на врнежи беше 41 милиметар или 88 отсто натпросечна на ниво на држава, посочуваат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Шар Планина и Осоговски планини – две нови заштитени подрачја во Македонија

Редакција

Уживајте во убавото време уште викендов, ќе биде сончево и топло

Редакција

Заев на средбата со Радев во Брисел договорил посета на Софија неделава

Редакција