еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарските навивачи пред нападот вербално се расправале со случајни минувачи во Чаир: Детали од Обвинителството

Бугарските навивачи на софиски “Левски“, пред да бидат нападнати во скопски Чаир вербално се расправале и физички се пресметале со случајни минувачи, информираат од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново видео од нападот на бугарски навивачи во Чаир

Во инцидентот беше повреден еден навивач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

29-годишен бугарски навивач проподен со нож во скопски Чаир

-Според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК “Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар “Чаирчанка”, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти.

При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба.

Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.

Освен тоа, обезбедени се видео записи од околните објекти и од камерите на системот “Безбеден град”, а се преземаат и други дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со канти за ѓубре нападнати бугарски навивачи во скопски Чаир

(Видео) Бугарски навивачи ја нападнаа полицијата на стадионот „Тодор Проески“, има и уапсени

Што се однесува до останатите инциденти поврзани со навивачи на ФК “Левски“ во текот на вчерашниот ден, Обвинителството е известено дека се процесуирани прекршoчно, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 24,9 милиони евра

Редакција

Четиримесечното бебе заболено од корона вирусот е во добра здравствена состојба

Редакција

Учениците во Србија почнуваат со настава, училиштето каде што се случи масакрот уште без настава

Редакција