Синоќа во скопски Чаир, во престрелка е ранет 35-годишниот Х.Б. од Скопје, кој подоцна починал.
Во престрелката како што потврдија од Министерството за внатрешни работи се ранети уште две лица, А.Д. (35), кој бил итно опериран и е задржан на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје и Н.Д. (22), кој бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата денеска утрово уапсила четири лица, за кои постои сомневање дека биле инволвирани во престрелката.
Во 01:40 часот во болницата бил уапсен Б.Б. (39) од Скопје, Н.Д. (22) бил приведен на подрачјето на Чаир, а подоцна биле пронајдени и Р.Р. (41) и К.Т. (28), кои исто така биле лишени од слобода.
Лицата се задржани во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиениот Хабиб Буњаку работел во МЕПСО
35-годишниот Хабиб Буњаку е убиен заради недоразбирање во сообраќајот
(Фото) Убиениот во Чаир е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на поранешен функционер на ДУИ