еМагазин
Image default
Локално

43-годишен Дебранец почина од труење со плин

Четириесет и три годишен дебранец починал како последица од труење со плин. Тој се затрул пред неколку дена, но одбил да се јави на лекар.

-Во 9:45 часот во текот на вчерашниот ден, во Секторот за внатрешни работи во Охрид од Општата болница со проширена дејност во Дебар, пријавено е дека на ургентното одделение, бил донесен пациент во неконтактибилна состојба и без видливи траги на насилство, кој и покрај укажаната медицинска помош, починал, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Додаде дека по известување на јавен обвинител и преземените мерки, констатирано е дека се работи за А.И.(43) од Дебар.

-Според членови од семејството, пред неколку денови инхалирал плин, при обид да отвори плинска боца по што, одбивал да се јави на лекар. Телото на починатиот, е предадено на семејството, посочи Димоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случаен минувач пронашол рачна бомба од Втората светска војна на брегот на Дебарско Езеро

Редакција

39-годишна жена од Тетово го убила 51-годишниот невенчан сопруг, доби 30-дневен притвор

Редакција

Скопјанец ја нападнал партнерката, друг го бодрел „ако треба заедно со мене ќе ја издржиме казната”

Редакција