еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

46-годишен маж од струмичко загина откако бил прегазен од камион

Маж на возраст од 46 години загинал вчера откако бил удрен од камион на булеварот “Гоце Делчев“ во Струмица.

Станува збор за Д.Т. од струмичкото село Ангелци, а во него удрил влекач Ман со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С. (56) од Богданци, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица.

Со тешки повреди починатиот маж бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Возачот на камионот е задржан на испитување.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Москва го прогласи опозицискиот лидер Алексеј Навални за виновен за измама „од особено големи размери“

Редакција

„Стандард и Пурс“: Глобална рецесија поради коронавирусот во 2020 година

Редакција

Над 30 илјади граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат за сезонски грип

Редакција