еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

5 забавни идеи за целото семејство за после часови

Првиот школски ден пристигна! Еуфоријата се искачи на врвот утрово, и полека стивнува низ целиот ден. На родителите илјадници мисли им поминуваат низ главата, а на најмалите безброј чувства во срцето, и никој не знае што ќе прави после часови. Затоа имаме неколку идеи кои со сигурност ќе ве исполнат со уживање. Една од најспецифичните локации за целото семејство во Скопје е Капитол мол. Тоа е место за сите.

1. Децата заслужуваат малку забава

За да ја пренесете позитивната енергија од првиот ден на училиште, најдобро е да ја зацврстите истата, да го направите овој ден најмалите засекогаш да го паметат. Затоа предлагаме заедно со нив да ја посетите игротеката Kids Park во Капитол мол. Таму тие може да се забавуваат, да запознаваат и други дечиња, или да ги зацврстат врските со нивните нови школски. Вака уште веднаш ќе ги развиваат своите социјални способности, додека вие како родители ќе може да одите на куглање или билјард во 4Bowling, што е веднаш до иготеката.

2. Израдувајте се себеси и Вашите најмали со забавен шопинг

Исто како и претходниот совет, со цел да ја зацврстите позитивната афирмација на денешниот ден една одлична можност е самите да се подновите со некое убаво парче облека, чанта, накит и слично, и воедно да ги израдувате најмалите со нешто за нив како награда за успехот на првиот училишен ден.

Овој ден и секој ден до 6ти септември е одлична можност за ваков шопинг затоа што во Капитол мол има УЛТРА РАСПРОДАЖБА каде може да најдете попусти и до -70%. Таму може да се најдат најразлични производи, облека за сечиј вкус и за секој член од семејството.

3.Семеен ручек

Една вкусна и забавна семејна вечера е одлична можност да ги наполните батериите после еден напорен ден. Да не се лажеме! Многу често првиот школски ден може да биде исполнет со стрес и секакви ситуации. Може да ја изгубите вашата енергија, а и нервите. Затоа најдобар начин е да останете позитивни, но и воедно да се одморите.

Во Капитол мол може да најдете неколку локации каде има превкусна храна и одлична атмосфера за со вашите деца. Нарачајте го тоа што ќе ви ја исполни душата и разговарајте со целото семејство ослободувајќи го напорот од вашето тело, овозможувајќи ви да се чувствувате одморено, среќно и подготвено за следниот ден.

4. Back to school сѐ уште е опција

Во склоп на УТРА РАСПРОДАЖБА Капитол мол организираше и Back to school акција. Сите кои веќе беа прв ден во школо се сигурно запознаени, затоа што ги имаат веќе правено листите за купување на ранци, боички, тетратки и што ли уште не. Сепак, не секогаш сѐ што ви е потребно е во ранецот на вашето дете.

Некои можеби и имаат видено нешто што многу ќе го сакаат уште првиот ден. За да ја најдете потребната школска опрема што  ќе им донесе среќа на вашите деца, Капитол мол сѐ уште ја одржува Back to school акцијата која ќе трае до 6ти септември.

5. Забава за најмладите

Едно од најголемите изненадувања за после првиот школски ден кое го приреди Капитол мол е и забавното шоу за првачиња. Денес со почеток во 18.00 часот со целото семејство ќе ја најдете вистинската среќа која вашите деца секогаш ќе ја паметат.

Во склоп на ова шоу ќе има настапи на основни училишта од општина Аеродром, ќе може да се слушнат и талентираните деца музичари од музичкото школо Пијанофорте и ќе може да ги гледате одличните Поточиња во живо.

Според Капитол мол, овој ден има симболично значење затоа што нѐ изградува како личности и останува во нашите сеќавања до крајот на животот. Токму затоа Капитол мол секогаш организира различну типови на активности. Тие имаат за цел да му донесат среќа на целото семејство, посебно на најмалите. Ова е центар кој има вистински фокус кон семејството преку изминатите активности како Семејни денови, Креатори на насмевки, Семејна караоке априлијада, Лего работилници и многу други.

За повеќе информации може да ја посетите официјалната Фејсбук фан страна и веб страната на Капитол мол: www.facebook.com/capitolmall  и capitolmall.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рудникот САСА ќе стипендира 10 студенти по рударство, геологија и заштита на животна средина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Редакција

Крводарителска акција во Државна лотарија

Редакција

Поштенска марка, ФДЦ и масовен коверт и максимум карта по повод роденденот на Тоше Проески

Редакција