еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

51-годишен маж загина во сообраќајката на патот Струмица-Валандово, уапсено едно лице

Маж на возраст од 51 година од струмичкото село Костурино загина во сообраќајката која се случи вчера на регионалниот пат Струмица-Валандово, на излез од селото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово

Станува збор за Г.Б., а во несреќата со телесни повреди се здобил и Т.Б.(54), од Костурино, кои се превезувале на полуприколка, управувана од Р.Ш. (40) од истото село.

Во несреќата се судриле патничко возило „фиат” и трактор „имт” со струмички регистарски ознаки, кој ја влечел нерегистрираната приколка.

Со возилото управувал Х.Д. (33) од Струмица, кој избегал од местото на несреќата, по што бил уапсен, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Х.Д. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поголема плата сакаат и 81.000 граѓани со блокирани сметки

Редакција

Захариева не го бендиса предлогот што денеска во Софија и Скопје го носат Силва и Вархеји

Редакција

Дали убиството на 39-годишниот маж во Тетово е поврзано со претходното убиство пред тетовската болница

Редакција