еМагазин
Image default
Македонија

55 лица не го почитувале полицискиот час, приведени се 42

Нови 57 лица во изминатото деноноќие добиле решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму наведуваат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 156 случаи на Ковид-19 од 1.309 тестирања

Редакција

Колку ги плаќа Русија македонските платеници за да се борат против Украина?

Редакција

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ, одлучи Владата

Редакција