еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ, одлучи Владата

Владата на седница одлучи решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација да се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок.

Притоа, нема да бидат објавувани личните податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци.  – Оваа измена се воведува поради зголемениот број граѓани за кои се определува мерката изолација и поради намалениот број денови за изолација, а со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување.

Со новата методологија се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на Ковид-19, информираа од владината прес-служба.Оттаму додадоа дека за овој начин на доставување на решенијата, граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните.– Потврда за објавено решение за самоизолација може да биде издадена и за потребите на Основното јавно обвинителство или друг јавен орган со надлежност за увид во решенијата за изолација, велат од прес-службата на Влада. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Каргомакс“ го доби тендерот на Град Скопје за набавка на две комунални возила вредни 459.000 евра

Редакција

Прв смртен случај во Кичево од Koвид-19

Редакција

„Симболико“ го доби тендерот на МВР за оператор на кол-центар за лични документи „тежок“ 460.000 евра

Редакција