еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од ОМО Илинден му вратија на Радев: Бугарскиот претседател повторно лаже за Македонците во Бугарија

По изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека членовите на ОМО Илинден се сепаратисти, се огласија од забранетата партија на Македонците во Бугарија.

“Изјавата на Радев е лага и клевета и како таква е срамна за сите, а особено за претседателот, бидејќи срамот паѓа на сите граѓани.

Нашата партија никогаш не се залагала за некаков сепаратизам. Досега ниту една македонска организација или Македонец во Бугарија не е обвинет, суден или осуден за сепаратистички дејства.

Лагата за наводниот наш сепаратизам се користи за да се оправда систематската дискриминација на која се изложени бугарските граѓани со македонска самосвест, што доведе до 14 пресуди против Бугарија од страна на Судот за човекови права.

Во последните 18 години дискриминацијата на Македонците во Бугарија е присутна во сите извештаи на меѓународни институции за човекови права“, велат од ОМО Илинден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“ОМО Илинден биле сепаратисти“: Радев лут на Пендаровски оти се сретнал со Македонците од Бугарија

Пендаровски за реакцијата на бугарското МНР: Нема ништо спорно во мојата средба со Македонците од Бугарија

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 72 случаи на Ковид-19 од 5.759 тестирања

Редакција

Познати тетовските кандидати за пратеници од Алијанса за Албанците за шестата изборна единица

Редакција

Семејна трагедија ја потресе Хрватска: Татко си ги убил трите деца на возраст од 4 и 7 години, па се обидел да се самоубие

Редакција