Жена на возраст од 56 години загина вчера откако излетала со возилото во гевгелиско.
Станува збор за В.К. од Гевгелија, која загинала на лице место, а несреќата се случила на автопат А1, на делницата од клучката кај селото Прдејци до клучката кај селото Смоквица.
Смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија, а нејзиното тело е дадено на обдукција, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.