Маж на возраст од 58 години силувал 13 годишно девојче и ја фотографирал.
Станува збор за лицето Ј.М. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје тој е приведен, одземени му се мобилен телефон и патничко моторно возило “мерцедес”, и заврши во притвор.
Тој заработи кривична пријава за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”.













