Шест лица кои беа приведени во акцијата за нелегален увоз на материјали за естетика – ботокос и филери, завршија во затворски притвор.
Други четири лица добија домашен притвор, а девет мерки на претпазливост, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.
Според истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лицата делувале во организирани криминални групи кои набавувале и дистрибуирале нелегални медицински препарати – ботокс, филери и други средства без одобрение, без декларации и без соодветна контрола од надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ













