Загинатиот работник во Кисела Вода имал 34 години

Работникот кој загина вчера при изградба на зграда во скопска Кисела Вода при лизгање на земјиште имал 34 и е од Крива Паланка, пренесе порталот Скопје инфо.

Министерството за внатрешни работи (МВР) се уште не соопштило детали за неговиот идентитет.

Во несреќата беа поврдени и четири работници, од кои три имаат полесни повреди, а едниот има скршеници на двете потколеници и едната натколеница.

Инвестор на зградата е поранешниот градоначалник на скопската општина Аеродром, Ивица Коневски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На четири повредени се зголеми бројот на работници од лизгањето на земјиште при изградба на зграда во Кисела Вода

Ивица Конески е инвеститор на зградата во Кисела Вода каде што еден работник загина, а тројца се повредени при затрупување со земја

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести