Од Фустеларко Борец АД Битола преку Македонската берза информираат дека „6 Мај“ ДООЕЛ Скопје, чиј управител е Сашо Чатлески, кој е извршн член во Одборот на директори на Фустеларко Борец, купил дополнителни 8.200 акции и сега поседува 17.874 акции или 24,926% од вкупниот број на акции на Друштвото со правно на глас.
Од таму информираат и дека “Јан комерц“, ДООЕЛ Битола, чиј управител е Јане Петковски, кој е претседател на Одборот на директори на Фустеларко Борец, отуѓило 6.216 акции и сега поседува 5.763 акции или 8,037% од вкупниот број на акции на Друштвото со правно на глас.
Петковски отуѓил 1.984 акции и повеќе не поседува акции во Фустеларко Борец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битолски Фустеларко Борец ќе дели дивиденда од 150 денари бруто по акција
„6 Мај“ купи акции во Фустеларко Борец Битола