еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Липково се 11 од вкупно 12. новозаразени лица во кумановско

Директорот на центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи денеска соопшти дека од 12 -те новозаразени од подрачјето кое го покрива Центарот, единасет лица се од општина Липково.

Тој информира дека овие лица се поврзуваат со веќе познати кластери.

Едното лице кое е заразено е од Куманово и е утврдено во рамки на скринингот што се врши по фудбалски клубови.

Тој информира и дека починатите од корона вирусот на 73 и 66 години се жители на Липково од селата Слупчане и Никуштак.

Љатифи уште еднаш апелираше граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и здравјето на најблиските.

„Маски, дезинфекција, миење раце, физичка дистанца, клучно е да се применуваат за да се заштитиме од вирусот“, истакна Љатифи.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во потешка состојба 28 пациенти заболени од корона вирусот

Убава вест: Оздравени 17 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

По четири дена без регистрирани, денес еден новозаболен од корона вирусот во Прилеп

Стружанец на 44 години и тетовец на 54 години меѓу седумте починати од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје ќе дели дивиденда од 2.415 денари по акција

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се „спукаа“ околу „бомбите“: Кој е поголем криминалец?

Редакција

Лажна е дојавата за бомба на скопскиот аеродром, информираат од ТАВ

Редакција