еМагазин
Image default
Македонија

По четири дена без регистрирани, денес еден новозаболен од корона вирусот во Прилеп

Во Прилеп денеска е регистриран еден случај на новозаболен од корона вирусот. Ова е прв случај по четири дена без регистрирани заболени во градот. Регистрирано е и дека 12 пациенти оздравеле.

На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани шест лица позитивни на корона вирусот.

Досега, во Прилеп се регистрирани вкупно 212 лица заразени со Ковид-19. Од нив, во моментов се активни 30, од кои 12 се на болничко, а 18 лица се на домашно лекување.

Инаку, во текот на утрешниот ден се очекуваат резултатите од скринингот на вработените во детските градинки. На 28 и на 29 мај прилепскиот Центар за јавно здравје тестираше околу 230 вработени во градинките во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и во Македонски Брод.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три позитивни случаи на корона вирусот во герантолошка установа во Скопје

Стружанец на 44 години и тетовец на 54 години меѓу седумте починати од корона вирусот

Најголем број од 89. новозаболени од корона вирусот во Скопје и Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска „преплавена„ сo постапки од граѓани за разни судски постапки, работи спорови и вработувања

Редакција

Повторно висока бројка: 21 починати од Ковид-19

Редакција

Инспекторат за животна средина: Во пожарот оштетена архивата, но за сите документи има електронска евиденција

Редакција