еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Работата на премиерот не е да ја оценува уредувачката политика на медиумите, регираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски со која тој се впушти во квалификација и ревидирање на уредувачката политика на одредени медиуми, велат од таму.

-Прашан да ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со која тој ги обвини ТВ Алфа и ТВ Телма дека се „непријатели на Албанците“, премиерот Ковачевски рече: „Што се однесува до мене, можам да кажам дека во државата има медиум чијашто уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика која тргува со енергенси, а има и медиум чијашто уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација“.

Сметаме дека државните функционери, особено кога се работи за најмоќната државна позиција, мораат да внимаваат на искажаниот збор, бидејќи вперувањето со прст од различни причини кон одредени медиуми ги става во незавидна позиција медиумските професионалци, кои потоа се цел на разни напади, говор на омраза и слично.

Ваквото етикетирање на медиумите претставува и напад врз слободата на изразување и слободата на медиумите, односно врз новинарите и медиумските работници, што не смее да се случува во едно демократско општество.

Предочуваме, дека јавноста односно граѓаните не смее никој да ги потценува и тие се оние кои го носат крајниот суд за тоа дали одреден медиум си ја врши добро или не работата која е од јавен интерес, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непримерно етикетирање на медиуми и од Ковачевски, од Здружението на новинари реакција и за изјавата на премиерот за Ахмети

Секој медиум слободно ја одредува својата уредувачка политика, за ставот на Ахмети побарајте одговор од него, вели Ковачевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството за бегството на Груевски: До овој момент, нема виновни, само некои пропусти на институциите

Редакција

Каков имот пријавил Блерим Беџети, старо-новиот градоначалник на Сарај

Редакција

Психијатар и психолог сведочеа на денешното рочиште за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција