еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Во пожар изгоре млекарница во кумановско Романовце

Во пожар целосно изгоре млекарница во кумановското село Романовце, соопштија денеска од Територијалната противпожарна единица. Во пожарот нема повредени лица, а причинета е значителна материјална штета.

Пожарот бил пријавен вчера во 18:50 часот и го гаселе осуммина пожарникари со три противпожарни возила сè до 21:50 часот. Изгорел голем објект со машини.

Опожарената фабрика, иако не функционира од пандемијата, била осигурена.

–  Кога дојдовме скоро сè беше уништено, пожарникарите веќе беа овде, потоа дојде и полиција и до 22 часот бевме тука сè додека пожарот беше под контрола. Речиси се е уништено. Млекарата не беше во функција од пандемијата, но планиравме повторно да се активира.

Претходно беше во целосна функција со голем капацитет на производство со комплет машини, лабораторија, сето тоа е веќе уништено, изјави Реџаил Мустафи, еден од сопствениците.

Од полиција потврдија дека се случил пожар во млекарница и дека нивна екипа извршила увид. Кумановската полиција работи на целосно расчистување на случајот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За претстојниот продолжен празничен викенд локален дожд и пад на температурите

Редакција

Убава вест: Оздравени 154 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

Oсумчлено семејство од Македонија се евакуира од Судан

Редакција