Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 16.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки пред угостителски објект во населба Хиподром бил пронајден починат Ф.Ш. (65) од с. Студеничани, Скопско.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.