еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трета доза може да примаат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

Препораката од Комитетот за имунизација е да освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид-19.

Ова се препораки кои ги следат препораките на други европски земји и САД, кажа министерот за здравство Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми.

„Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани. Трета доза вакцина досега примиле 329 лица. Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани.

На територија на цела државата од вкупното населени, 38,2% примиле една доза вакцина. Според општини, најмногу вакцинирани – со две дози над 18 години има во Вевчани 72,3%, над 60% во Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Охрид, над 55% во Росоман, Ресен, Дојран, Дебарца, Богданци, Битола и Берово, под 30% во Липково, Македонска Каменица, Ново Село.

Во моментов располагаме со 260.000 дози вакцини од производителот Фајзер, 45.000 дози од вакцината Синовак и 100.000 дози од вакцината АстраЗенека.

Почнувајќи од денеска вакцинацијата во главниот град се довива во седумте поликлиники и тоа во две смени работат поликлините во Букурешт, Јане Сандански и Чаир.

Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари. Граѓаните секаде без закажан термин, каде било, може да примат вакцина, ревакцина или трета доза,“ изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епидемиологот Олумчев: Трета доза не значи неквалитетна вакцина, туку засилување на имунитетот

Доктор Даниловски: Пристапот за давање на трета доза кај вакцинираните граѓани уште од старт е погрешен

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж од Демир Капија ќе одговара за потикнување омраза кон ЛГБТИ заедницата

Редакција

(Видео) Германските лекари со музика ги бодрат нивните колеги во Италија, Шпанија, Франција, САД во борбата против корона вирусот

Редакција

Твитер „зовре“ за пожарите: „Стево на проба да не ја запали депонијата кај Борис Трајковски“

Редакција