еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Од 1 декември само биоразградливи ќеси кои ќе чинат 15 денари

Од 1 декември ќе стапи во сила забрана за пластични ќеси, односно ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари за специјален фонд за животна средина.

Ова денеска го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата на која беше претставен Националниот план за управување со отпад 2021 – 2031.

– Идејата за цената на пластичните ќеси е за да се намали употребата на пластиката. Фондот што ќе се создаде од овие 15 денари за секое купување на пластично ќесе ќе отиде на посебен фонд којшто ќе се инвестира во животната средина, но и ќе се инвестира во совеста на граѓаните како да менаџираме со отпадот во нашата држава.

Идејата е тој што загадува тој и да плати, и на тој начин производителите коишто ќе донесат производи во нашата држава треба да контрибуираат и во тоа, и со ова ќе се натера да придонесат за инфраструктурата со различни контејнери во нашата држава каде што ние како граѓани ќе ги селектираме отпадите и со ова ќе креираме систем којшто самите граѓани ќе го селектираат отпадот, појасни Нуредини.

Од 1 декември, како што информира, ќе биде забранета пластика за еднократна употреба во угостителските објекти во заштитени зони – тоа значи Пелисер, Маврово, Шар Планина, итн.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Соборот на СПЦ прогласи канонско единство со МПЦ-ОА

Редакција

Светот има две опции – пакт за климатска солидарност или пакт за колективно самоубиство, предупреди Гутереш

Редакција

Драган Спасов Дац побара оставка од пратеникот Павле Богоевски

Редакција