Околу 70 работници од Србија кои тргнале за Чешка за пристојно платена работа, се смрзнувале оставени на пат во таа земја, бидејќи човек со лажен идентитет кој им ветил вработување ги измамил и не се појавил на договореното место, пишува Телеграф.рс.
Се започнало, кога извесен Александар Симиќ им понудил да им среди работа во оваа земја. Пред да тргнат кон Чешка, во автобус им земал по 50 евра и 7.000 динари излегол од автобусот со изговор дека треба да оди по уште двајца и дека со кола ќе оди по нив. Кога стигнале на граница, Александар не бил таму.
Тој, наводно се слушнал со возачот на автобусот да се најдат на одредна локација во Чешка, но не се појавил.Тогаш веќе сфатиле дека се измамени, од Александар кој бил познат по тоа.
„Некому се претставувал како Александар, некому како Горан, но се вика Владимир Г. (полното име и е познато на редкацијата на „Телеграф.рс“ ) и е од Македонија. Ова не е прв пат да измамил луѓе кои немајќи друг избор мораат да оставаат семејства и да заработуваат по светот“, изјавил за „Телеграф.рс“, Мирослав Чаваркапа кој работи во Чешка и прв им притрчал на помош на сонародниците.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.