еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

8.700 килограми небезбедна храна откриена во туристичките места

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19. јули), спровеле вонредни заселени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени – кетеринг објекти,месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа, информираат од таму.

„Со контролите утврдено беше неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат,“ се вели во соопштението.

Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана била и работа на објекти – оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што изречени беа мерки забрана за работа, а затекнатите производи беа забранети за промет и нештетно уништени.

„Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа.

Од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена.

Со вонредните контроли во овие четири туристички центри опфатени беа 112 објекти – оператори со храна. Изречени беа 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на 8 оператори со храна им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности,“ се додава во соопштението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Истрагата за „Двојник“ ќе се прошири

Редакција

Македонската армија ќе купува дронови

Редакција

266 од случаите со Ковид-19 во Македонија се импортирани

Редакција