еМагазин
Image default
Македонија

80 ученици во Штип се во изолација, а заразени со Ковид-19 се 11 и тројца наставници

Двајца ученици од деветолетките „Тошо Арсов“ и „Ванчо Прќе“ се позитивни на коронавирусот.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека станува збор за ученици од одделенска настава и е категорична дека низ училиштата во Општина Штип нема локална трансмисија, односно учениците не се заразуваат во училиштето, туку со вирусот се заразиле од членови во семејството, надвор од училишните клупи.

Бројката на изолирани ученици во штипските основни и средни училишта достигна над 80, а вкупниот број на заразени е 11 ученици и тројца наставници.

Од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека околу 0,02 отсто од вкупниот број на ученици и исто толкав процент и на наставници се активни случаи на заболени со Ковид-19.

Посочуваат дека деталните податоци ги поседуваат надлежните служби кои констатираат присуство на вирус кај суспектни лица и издаваат решенија за изолација.

-Тоа што е особено важно да се потенцира е дека училиштата не се трансмитери на заразата и дека во секој случај кога има појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите.

МОН апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, бидејќи само на тој начин ќе ја одржиме наставата со физичко присуство во училница, која е во најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива, велат од МОН.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ реагира што новинарката на МРТВ Гордана Ѓорчева била водителка на Конференцијата на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Убава вест: Оздравени 14 болни од Ковид-19

Редакција

(Видео) „Исчезна“ плочата со картата на „голема Албанија„ во музејот на УЧК во Сопот

Редакција