еМагазин
Image default
Македонија

84 лица не го почитувале полицискиот час, приведени се 67 граѓани

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 84 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР.

Исто така, според статистичките податоци  за изминатите 24 часа на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска за омаловажувањата дека син ѝ свирел на кавал во парк: Јас сум горда на Павле

Редакција

Пендаровски како Супермен: Во еден ден на конгрес на СДСМ, пред советот на ДУИ и кај повеќе помали партии

Редакција

Детален преглед по скопски општини: Аеродром, Гази Баба и Карпош со над 1.000 активни случаи на Ковид-19

Редакција