еМагазин
Image default
Македонија

843 пациенти заболени од Ковид-19 има низ болниците во државата

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и едно дете суспектно на Ковид-19 и 22 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 30 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 70, а во болницата во Штип се 52 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 421 позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекордни 1.192 случаи со Ковид-19 од 3.211 тестирања, половината од нив во Скопје

Убава вест: Оздравени 356 заразени од Ковид-19, од кои најмногу во Скопје

Починаа 22 лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 1.071

Аеродром со 917 активни на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЛДП го предложи Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа

Редакција

Јусуф Зејнели избран за ректор на државниот Универзитет во Тетово

Редакција

Заев, Димитров и Османи на работна вечера со Макрон во Париз

Редакција