еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЛДП го предложи Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница го прифати предлогот на Извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата, ја разгледа оставката на партискиот лидер Горан Милевски на местото министер за локална самоуправа и го прифати предлогот Ристо Пенов да биде негов наследник на оваа позиција во Владата.

– Централниот одбор се заблагодари на досегашниот ангажман на Милевски, на успешното менаџирање со Министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата, велат од ЛДП.

Како што посочуваат од партијата согласно Статутот на ЛДП, формиран е организациски одбор во чиј состав се избрани Боби Мојсоски, Димитар Ванчов, Билјана Аврамоска – Ѓореска, Дејанчо Цветановски, Валентин Груевски и Ивица Тодоровски.

– До Конгресот ќе се одржат уште две седници на Централниот одбор со цел подготовка на Конгресот. На следниот состанок, кој се очекува да се одржи следната недела, ќе бидат разгледани и предлог датуми за одржување на Конгресот, додаваат од ЛДП.

Фото: Институт за комуникациски студии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какво време не очекува за Велигденските празници

Редакција

Претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Дика и бизнисменот Азманов на распит за „Рекет“

Редакција

Ковачевски се сретна со украинската амбасадорка Задорожњук: Руската агресија врз Украина е закана за мирот во Европа и светот

Редакција