еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски се сретна со украинската амбасадорка Задорожњук: Руската агресија врз Украина е закана за мирот во Европа и светот

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Република Украина, Наталија Задорожњук.

Амабасадорката Задорожњук на средбата ја изразила благодарноста на Владата на Украина за јасната и решителна позиција и поддршка на Владата на Македонија за нејзината земја, и како особено значајно го оценила приклучувањето на Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија, соопшти владината прес-служба.

Ковачевски во разговорот истакнал дека Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласил дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право. Ковачевски потенцираше дека Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот, се вели во соопштението од прес-службата на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Безбедносната состојба во земјава е стабилна, има доволно стокови резерви и енергенси, заклучено на седницата на Совет на безбедност

Проценката во ЕУ е дека постои ризик од дестабилизација на Балканот, поради ситуацијата во Украина

Рот: Рускиот напад на Украина ја загрозува и цела Источна Европа, но и стабилноста на Западен Балкан

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Свештенство при храмот Св. Георгиј: Црквата повика на придржување на мерките, нема простор за обвинување

Редакција

Турскиот театар склучи договор со Универзал Балкан вреден 1,5 милион евра

Редакција

Во недела започнува летното сметање на времето: Часовникот се поместува еден час нанапред

Редакција