еМагазин
Image default
Македонија

917 заболени од Ковид-19 хоспитализирани низ болниците во државата

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти

.Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472  позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа 14 лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 1.110

Убава вест: Оздравени 176 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје 162

1.285 нови случаи на Ковид-19 од 3.404 тестирања, во Скопје 522

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случајот со бебето на Детска клиника, добива сосема нов тек од првичните обвинувања за малтретирање

Редакција

Регистрирани 418 прекршоци за неносење маски во изминатото деноноќие

Редакција

Не е европски македонскиот јазик да стане пречка на нашата евроинтеграција, вели Димитров

Редакција