еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во август 25.127 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари и во споредба со август лани е поголема за 3,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10,9 отсто, транспорт и складирање за 7,3 отсто и информации и комуникации за 5,8 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите информации и комуникации за 4,7 отсто, уметност, забава и рекреација 3,5 отсто и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,3 отсто.

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2019 година изнесува 37.322 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за заштита и спасување вработува седум лица, плата до 71.980 денари

Редакција

Драгољуб Арсовски купи 500 акции во ТТК Банка

Редакција

Арачиново со најголема потрошувачка: Општините во септември заштедиле 29% струја

Редакција