еМагазин
Image default
Македонија

Никогаш нема да се стави ред: Наместо да ги зголеми, Владата ги намали казните за сообраќајни прекршоци

Владата на 161. седница усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Законот за прекршоци.

„Со овие усогласувања во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните и тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Освен казнените одредби, се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства“, се додава во соопштението на Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачките дозволи ќе важат до 75 години, за преголема бучава ќе се одзема возилото

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Засега нема потреба од полициски час

Редакција

На 30 март ќе бидат објавени конечните резултати од Пописот

Редакција

Османи контра Заев: Секое отворање на Законот за јазици ќе не врати пред 2001 година

Редакција