Во Собранието денеска се расправа за предлогот на премиерот Зоран Заев, нов заменик-министер за здравство да биде д-р Арменд Арслани.
Арслани е кадар на владејачката ДУИ.
Тој е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, кој претходно работел како доктор по општа медицина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.
Од 2018 тој е член на Управниот одбор на специјализираната болница по Урологија во Струга.
Арслани треба да дојде на место на Асим Муса, кој поднесе оставка, откако во јавноста беше објавено видео како бара мито.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.