еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Мартин Вучиќ за СБС на македонски јазик во Австралија: Кого бојкотираат Македонците, самите себе?

Директорот на националниот ансамбал за народни игри и песни „Танец“, Мартин Вучиќ гостуваше во програмата на македонски јазик на австралискoто „СБС“ каде што меѓу другото зборуваше и за бојкотот на концертите од страна на Македонците во Австралија.

„Фолклорот и музиката се единственото нешто што не обединува, единствената лична карта на нас Македонците. Ние секогаш ќе го играме македонскиот фолклор, ние секогаш ќе ја пееме македонската песна, ќе пееме на македонски, ќе свириме македонски ора, носиме македонски традиционални облеки. Нема ништо што не е македонско во нашата изведба и организација. Мислам дека сето ова што се случува е заблуда. Искрено се прашувам кого тоа ние бојкотираме? Самите себе?“, вели во одговорот Вучиќ.

Целиот разговор може да го слушнете ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Негативна кампања и опструкција на закажаните концерти: Македонците во Австралија го бојкотираат Танец

Фото: Танец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонски накит од бисер и филигран на саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Редакција

Документарниот филм за Бигорски манастир „1000 години сведок на Светлината“ ќе биде промовиран на 15 април

Редакција

Македонско – бугарски јазичен спор е апсурд: Во МАНУ промовирани четири капитални дела за македонскиот јазик

Редакција