еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Граѓаните не забораваат: Се бара одговорност и акција за „Охис“

Поминаа 10 дена од истекувањето на некоја недефинирана хемиска материја во кругот на фабриката Охис, и сè уште не се знае што истекло таа вечер, зошто сигурно печење во очи и грло не било од вода, ниту па од метил акрилат кој испарил пред април 2019, напишаа од иницијативата О2 на нивниот Фејсбук профил.

„Се чека да се подзаборави сè, но вработените се упорни во своите барања и секој вторник и петок се на протест за своите неисплатени плати за 2 години, но и да нè потсетат на негрижата на државата за оваа фабрика. Имаат и знаење и докази што се случувало во напуштената фабрика, укажувале до сите надлежни и предупредувале за опасностите што таму тлеат.

Денеска во 10 часот, ќе протестираат пред капијата на фабриката ОХИС каде го оставиле своето здравје. Ве повикуваме сите кои можете да им се придружите и да ги поддржите, посебно граѓаните од околните населби кои се и најзагрозени од хемиските отрови кои сè уште се наоѓаат таму“, соопштија од О2.

Фото: Фејсбук/О2

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забрзување на процесот на декарбонизација за чиста економија преку поголема соработка и поврзување

Редакција

(Видео+Фото) Алармантно загадени со цврст отпад реките од сливот на Охридското Езеро

Редакција

Еколошките организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во МЖСПП

Редакција