На пролет, Зоолошка градина Скопје ќе биде збогатена со уште една содржина која ќе ги анимира најмладите посетители. За првпат кај нас ќе се изгради детски „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца.
„Сакаме Скопје да го има овој парк. Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички паркови во природа. Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик- лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност. Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа.
„Авантура парк“ ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт, а со директорот Дарко Каевски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов одлучивме бесплатно да го отстапиме на сите основни училишта во делот на физичкото воспитување за деца од 6 до 15 години. Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.