еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

„Луциден“ криминал: Битолчанец фингирал сопствено грабнување за да изнуди пари од родителите

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и СВР Скопје, а постапувајќи по наредба на ОЈО Битола околу 19 часот на 15.12.2019 на ул. Шуто Оризари во Скопје го лиши од слобода М.К. (29) од Битола поради основано сомнение дека е инволвиран во фингирано извршување на кривични дела грабнување и изнуда.

„Имено, на 14.12.2019 Б.К., татко на М.К., во СВР Битола пријавил кривични дела грабнување и изнуда при што наводна жртва е неговиот син. По насоки на ОЈО Битола веднаш се преземени оперативно технички мерки и дејствија и случајот е расчистен односно утврдено е дека станува збор за фингиран настан, во кој покрај М.К. се инволвирани уште неколку лица, со кои М.К. бил во претходен договор со цел да изнудат пари од родителите.

М.К. и претходно е пријавуван за кривични дела, издржувал затворска казна, а имал и долгови кон различни лица“, информира МВР.

М.К. е приведен додека влегувал во возило „алфа ромео“, сопственост на неговиот татко, за кое возило, М.К. тврдел дека со него е грабнат, а кај него биле и дел од парите кои биле предвидени за негов наводен откуп, а претходно технички обработени. По документирање на случајот, СВР Битола ќе поднесе соодветен поднесок до ОЈО Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во црква може, во шума не може: Чудната логика предизвика „социјален пожар“

Редакција

(Фото) Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

Редакција

Луцидна измама: Им собрале „ауди“ пред очи

Редакција