еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за млад скопјанец осомничен дека затаил данок од 208.000 евра

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против И.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“, казниво по член 279 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Пријавениот, како сопственик и управител на правно лице од Скопје, на 26.02.2018, со цел да избегне делумно плаќање на данок на добивка, во задолжителната пријава – образец „ДБ-даночен биланс за оданочување на добивка“ за деловната 2017 година, кој го доставил во име на правното лице, до Управата за јавни приходи при Министерството за финансии, внел и дал невистинити сметководствени податоци.

Тој пресметал и пријавил даночна основа во износ од 7.118.190 денари, на која пресметал и уплатил данок на добивка во износ од 711.819 денари, иако бил должен да пресмета и пријави даночна основа во износ од 135.223.480 денари и да пресмета и плати данок на добивка во износ од 13.522.348 денари.

„На тој начин, неосновано и спротивно на член 45, член 46 и член 47 од Законот за даночна постапка и спротивно на член 9 став 1 точка 1 и член 39 став 1 од Законот за данокот на добивка, даночната основа ја намалил за износ од 128.105.290 денари, кои не ги евидентирал како „непризнаени расходи за даночни цели“, не ги додал на „финансискиот резултат“ и тој износ не го пресметал и пријавил како даночна основа во поднесениот даночен биланс до УЈП, па за него не пресметал и не платил данок на добивка во износ од 12.810.529 денари (208.000 евра) и за тој износ го оштетил Буџетот на Р.С.Македонија“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шилегов: Градот нема ингеренции да ги урива дивоградбите на Матка

Редакција

Трагедија: По пад од трактор почина 6-годишно дете од Делчево

Редакција

48-годишен кичевец пронајден мртов во прилепско село Десово, двајца осомничени за убиство

Редакција