Поради проблем со сервисите на Гугл, корисниците од европските земји не можеа да пристапат на дел од услугите од оваа платформа, а со намалена брзина се отвораат и други сајтови кои користат сервиси на Гугл за рекламирање, информира А1 Македонија.
– За А1 корисниците, во моментов е заобиколен локалниот проблем преку серверите од Европа, кои во моментов не се афектирани од генералниот проблемот. А1 Македонија го следи развојот на ново настанатата состојба и ги презема сите потребни активности со цел на своите корисници да им понуди квалитетен сервис, велат од компанијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.