„Преда плус Фондацијата“ заедно со своите соработници во 2019 година, преку иницијативата „И од Битола се може(и)“ го размрда заспаниот Пелагонски регион преку креирање на нов екосистем на стартапи и обезбедување на поддршка на претприемништвото надвор од скопската сцена.
– 2019 беше година кога се трудевме да го промениме фокусот на јавноста кон исклучителни, но во исто време и реални индивидуалци чии што професионални и животни приказни инспирираат позитивни размислувања, изјави извршната директорка на фондацијата, Маријана Милевска.
Резултатите од 2019 година се успешни со тоа што реализирани се два пред-акцелератроски програми со вкупно 25 стартапи, тимови со бизнис идеи, вклучени се 17 ментори и бизнис консултанти за поддршка на новите стартапи.
Одржани се 10 мотивирачки настани #ИодБитолаСеМожи на кои продефилираа еминентни имиња од македонската претприемачка сцена . Креирана е една стартап направи платформа на која до денес се истргуваа седум милиони долари, потоа се лансираа три стартапи бизниси, два стартапи веќе користат други финасиски инструменти за поддршка и развој, како и еден стартап влезе во фаза 2 а има 5.000 корисници.
Горди се што два стартапи планираат да се лансираат во 2020 и пет учесници од навните програми започнаа корпоративна кариера во други компании.
Во 2020 година од Преда Плус Фондацијата очекуваат продолжување на дел од проектите и старт на нови со што ќе го дуплираат успехот.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА