еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Инфо деновите за мерката 3 од ИПАРД-програмата 2014-2020 продолжуваат во општините Карпош и Аеродром

ИПАРД инфо караванот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Мерка 3 продолжува во Скопје, во општините Карпош и Аеродром.

Средбата со заинтересираните граѓани/ претпријатија/ задруги, во општина Карпош ќе се одржи на 17-ти јануари во 10:00 часот во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае. Во општина Аеродром, средбата ќе се одржи во салата на општината, на 17-ти јануари во 14 часот.

Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020, овозможува инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Висината на финансиската поддршка изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата каде минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци  по инвестициски проект е 10.000 евра.

Во следните две седмици, инфо деновите продолжуваат во Битола, Градско, Кочани и Богданци.

Подетални информациите сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите ipard.gov.mk, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство mzsv.gov.mk, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ipardpa.gov.mk Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството agencija.gov.mk, или да се јават во Сектор ИПАРД на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Втора шанса“ можност за невработени лица кои немат завршено средно стручно образование

Редакција

Македонија не е единствена која се соочила со застој во ЕУ интеграциите – Велика Британија, Словенија и Хрватска се соочија со вета, некои го менуваа и уставот!

Редакција

Кои се барањата на Бугарија до Македонија за да го тргнат ветото за ЕУ

Редакција