еМагазин
Image default
Македонија

Поради магла повторно пренасочени летовите од охридскиот аеродром

Поради магла повторно откажани полетувањата и слетувањата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

Слетувањето на авионот од Виена утрово во 7:50 е откажано. Откажано е и полетувањето за Виена во 08:20 часот. Истиот е пренасочен кон аеродромот во Скопје.

Пренасочнување на летови од охридскиот аеродром имаше и завчера, кога беше пренасочен летот од Охрид за Дортмунд од истите причини.

Од „ТАВ аеродроми“ ги повикуваат патниците за сите информации да ги следат објавите на нивната официјална интернет-страница.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1.277 лица кои починале од Ковид-19, 207 биле вакцинирани

Редакција

Со Клековски во Фондот за здравство директор ќе биде и Бранко Аџигогов

Редакција

(Галерија) Џафери на Ауденција кај Папата Франциск, му подари графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“

Редакција