еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“: Треба да се знае како се направени снимките во „Дрисла“ и кој е вклучен во режијата

Сопственикот на компанијата „Еко клуб“, Сашо Јанакиевски денеска преку соопштение се огласи во медиумите во врска со скандалот кој го објави Град Скопје, а тоа е дека неговата компанија несоодветно складирала медицински отпад во „Дрисла“, без истиот термички да биде обработен.

Зааради баласнирано информирање, неговиот став Ви го пренесуваме во целост:

„Тешките обвинувања со кои се нарушува мојот, угледот на моето семејство и деловно се напаѓа и дисвалификува компанијата „Еко клуб“ се свесно и со умисла конструирани и немаат допирни точки со реалноста.

„Еко клуб“ постои од 1990 година, деловно опстојува на комерцијалниот пазар и била предмет на најстроги контроли од сите надлежни институции и во периоди на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, и на СДСМ. Досега, ниту еден инспекциски надзор од ниту една државна институција не утврдила неправилности во најсовремената методологија за собирање, транспорт и третман на неопасен комунален и опасен – медицински отпад, која во компанијата се практикува секојдневно и е под 24 часовен задолжителен, законски видео надзор и мониторинг.

Сметам дека во едно демократско општество компаниите не смеат да се делат партиски, особено затоа што учествувале и добиле јавни набавки во периоди на владеење на различни партии.

Под целосна морална, материјална и кривична одговорност јавно тврдам дека не сум, ниту сум имал потреба, ниту пак сум сакал да бидам дел или „близок“ на некоја политичка структура. Во изминатиот период за себе сум се изнаслушал многу невистини, од тоа дека сум бил логистика за бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски, до шпекулациите дека уживам заштита од претседателот на Владата на Република Унгарија, Виктор Орбан.

Сепак, овие тешки обвинувања дека за личен профит сум го ризикувал здравјето на граѓаните е застрашувачки и монструозен напад кон мене и моето семејство, но и за Македонија, која е на прагот на НАТО и очекува датум за почеток на преговори со ЕУ.

Недозволиво е на ваков начин, преку јавен линч и конструкции, да се демонстрира непочитување на правната сигурност и владеењето на правото. Бидејќи, имам намера правдата да ја истерам до крај, а истовремено за да нема дополнителни шпекулации дека наводно се затскривам или ја злоупотребувам должноста почесен конзул на Република Унгарија во Македонија, вчера ја известив амбасадата на Република Унгарија дека поднесувам неотповиклива оставка од оваа должност.

Ја користам приликата да ги охрабрам сите надлежни институции до крај да ги расчистат сите околности во врска со обвинувањата на политичките партии. Сметам дека е многу важно јавноста да биде целосно запознаена како се направени фамозните снимки кои беа прикажувани и кој се е инволвиран во режијата.

Компанијата „Еко клуб“ од пред извесен период има доминантен странски инвеститор од Сојузна Република Германија, земја членка на ЕУ. Во моментот кога ќе добијам овластување/полномошно од стратешкиот инвеститор – мултинационалната компанија „Ремондис“ со седиште Лунен, Германија, јавноста ќе биде запознаена со сите факти, мотиви и причини за хајката која се води кон мене и „Еко клуб“.

Затоа, се извинувам на јавноста и медиумите што и покрај сите нивни напори да добијат мој став, не можев да одговорам заради објективните околности. Во меѓувреме, мојот правен тим ги  презема сите неопходни правни чекори за да ги заштити интересите на компанијата. Нема да дозволиме со невистини и конструкции да бидеме предмет на препукување на политичките партии кои во недостаток на визија за реално справување со загадувањето на амбиенталниот воздух, најлесно им е да си најдат надворешен виновник,“ вели Јанакиевски во писмото до јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„СДК.мк“: Унгарија го отповика својот почесен конзул во Битола, Сашо Јанакиевски кој е газда на фирмата „Еко клуб

Обвинителството ја продолжува предистражната постапка за „Еко клуб“, фирмата која несоодветно третира медицински отпад во „Дрисла“

Шилегов: Кој е овде луд со случајот со „Дрисла“?

(ВИДЕО) Скандал во „Дрисла“: Кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв која потоа истекува во реката Вардар

Фото: Дрисла

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје се гуши: Ќе поскапува паркинг-картата на „Градски паркинг“?

Редакција

По излевањето на мазут: Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро

Редакција

Не се дише, Кавадарци се гуши

Редакција