еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Видео) Безмилосна сеча на ретки дрвја во Козле: „Пресечена историја“

Граѓани на социјалните мрежи постираа видео на кое се гледаат исечени дрвја во дворот на Угостителското училиште во Козле.

„Сликите го покажуваат последното сечење и уништување на дрва, овој пат во населбата Козле. Бидејќи не сакам да бидат само уште еден пример на исечени дрва во нашиот град кој за кратко ќе се заборави, а ова не се обични дрва, станува збор за Либански Цедруси (нивен род), ќе Ви напишам кратка историја за нив и за трагедијата на леснотијата на нивното сечење под изговор за физиолошка старост, напишана на едно пусулче “А ла Вмро”, запечатена од “професионалци” кои велат достигнале физиолошка старост .

Го украсуваа последното зеленило во нашата околина, во дворот на Угостителското училиште. Дури и општината побрза да пише една стерилна изјава на нивната страна дека не биле они одговорни. Баш згодно за нив.

Верувајте, ги видов одблизу исечените стебла, тие беа во полна налет. Видот е исклучително спорорастечки, својот прв плод го дава дури после 25 до 30 години, живее 300-550 години и повеќе.

Либански Кедари, ги нарекуваат и Господови Цедруси, имаат непроценлива вредност, растат на преубавите планини во Либан, кај нив познати под името “Arz Ar-rab”.

Во Стариот завет се споменати околу 70 пати. Псалмите се однесуваат на Божјите цедруси и еден од нив вели, “Праведникот ќе цвета како палма и и ќе расте како Кедар во Либан”.

Ова дрво е нивен национален симбол, симбол е на силата, неговиот профил се наоѓа на грбот на земјата, на знамето, а највисоката награда во државата е националниот орден Кедар. Во земјата постои познатата борова кедарска шума која е заштитена од UNESCO со кедари стари и до две илјади години.

Posted by Brankica Gj Pisevska on Недела, 24 март 2019

Заради неговата примена, го користеле познатите феникијски морепловци, донесен е и во Европа. Градот на вода Венеција, изграден е на неговите стебла. Египетските мечови, саркофази, сите тие се изработени од ова дрво, чија цена некогаш била поскапа и од златото.

Неговото влијание на животната средина е непроценлива, бидејќи има неверојатно бактерицидно дејство. Ги сметаат за фабрика за кислород заситен со негативни јони и се идеална околина за човековиот одмор. Практично воздухот во нивната околина може да се смета за стерилен заради антимикробните фитонциди кои ги лачат. Вкупниот број на микрофлората во нивната околина е 2-3 пати помал од обична шума.

Ова го пишувам заради едукација, за да не се случи повторно пусулче со печат на професионалци во еден викенд да им пресуди на историјата, на потеклото, на приказните, на воздухот и на нашето здравје. Ни пресудија да бидеме просечни. Криво ми е за цедрусите, ми остана да им посветам само текст.“, напиша на својот Фејсбук профил Бранкица Ѓ. Пишевска.

Фото/Видео: Фејсбук/Бранкица Ѓ.Пишевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Волците во Умленско по пожарите во потрага по храна се спуштија во нивите

Редакција

Потврди ли ММФ дека Комерцијална дефинитивно ја купува Еуростандард банка?

Редакција

(Фото) Ограбен Државниот инспекторат за локална самоуправа

Редакција