еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вечерва и утре на небото ќе видиме полна снежна месечина, која ќе свети повеќе од вообичаено

Вечерва на небото ќе се појави полна снежна месечина која ќе биде поголема и повеќе светла од вообичаено. Таа ќе биде 50.000 километри поблизу до земјата, а поради тоа ќе биде значително поголема и посветла од вообичаено, бидејќи орбитира поблиску до земјата.

Кога месечината е толку блиску, небото се осветлува многу повеќе од вообичаено.

Февруарската полна месечина уште се нарекува и снежна, бидејќи играла важна улога во индијанската култура.

Имено, домородните индијански племиња што живееле во денешните северни и источни области на САД ја нарекле снежна месечина или месечина на глад. Позната е како снежна месечина поради големите снегови што паѓаат во текот на оваа сезона.

Фото: Wang Jun/EyeEm

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 6.013: Од Ковид-19 починаа 26 лица, најмладиот на 23 години

Редакција

Нови 109 случаи на Ковид-19 од 1.062 тестови

Редакција

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажуваат од дебата: Ќе гласаат против уставните измени

Редакција